Почетна | Новости | 30.11.2021


Отворен ден на Уким

Драги матуранти, наши идни студенти,
 
Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 30 ноември 2021 организира “Отворен ден на УКИМ”
Настанот ќе се одржи online преку платформата Microsoft Teams.
 
Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера. 
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте се што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практиканството, за кариерните можности….
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје!