Инфраструктура на УКИМ | e-Library UKIM Access

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како одговор на потребите на својата академска заедница, обезбедува пристап до електронски библиотеки.

Поддршката кон академската заедница, во врска со електронските библиотеки, е обезбедена преку заедничка мрежа на EBSCO координаторите на единиците и одговорно лице во Ректоратот.

EBSCO

Електронска библиотека со пристап до повеќе бази на публикации, е-списанија, е-книги и сл.

 

Cambridge Core

Електронска библиотека во издание на Cambridge University Press, со пристап до списанија во над 37 истражувачки области.

OpenEdition

Дигитален академски портал со публикации за општествените и хуманистичките науки, со пристап до четири платформи.

ERS Publications

Дигитален портал за електронски публикации од одделни области на медицински науки.

ASTM Compass

Дигитална библиотека на публикации која опфаќа широк спектар инженерски дисциплини.

Elgaronline

Дигитална платформа на научни публикации на издавачката куќа Edvard Elgar.

MSP – Mathematical Sciences Publishers

Дигитален портал на научни публикации во областите на математиката.