Почетна | Новости | 03.06.2022


Интернационален стартап натпревар 2022 PROMETHEUS

Во рамки на проектот PROMETHEUS (https://hei-prometheus.eu/), финансиран од страна на Европската Унија, како дел од ЕИТ иницијативата за високообразовни институции каде учествува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се организира PROMETHEUS Интернационален стартап натпревар 2022.

Право на учество  на натпреварот имаат студенти и истражувачки тимови, индивидуално или во тимови.

Предлозите за бизнис идеи се поднесуваат во една од следните тематски области:

  • Дигитална трансформација
  • Биоекономија
  • Циркуларна економија
  • Климатски промени
  • Паметно (Smart) производство
  • Одржлив развој
  • Заштита на животната средина

Детални информации за условите и наградите на следниот ЛИНК и преку страницата на натпреварот:

https://hei-prometheus.eu/entrepreneurship-acceleration-platform/the-competition/

Важни датуми:
 Краен рок за поднесување идеи на натпреварот (прва фаза):   31 јули 2022

Информации за PROMETHEUS натпреварот, мрежата и алатките на
2nd online #InformationDay, 8.06.2022, 16:00 – 18:00, Зоом линк  https://lnkd.in/ebdJZqe7