Почетна | Новости | 26.04.2024


Инфо ден за акциите на Marie Skłodowska-Curie Actions

Денес на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа Инфо ден за акциите на Marie Skłodowska-Curie Actions (MSCA), дел од столбот 1 на програмата Horizon Europe , кои финансираат истражувања и иновации и ги поддржуваат истражувачите во сите фази од нивната кариера за стекнување на знаења и вештини, преку мобилности и градење на извонредност кај истражувачките капацитети.
Место: Центар за напредни постдокторски студии (ЦАПРИС) на УКИМ
Локација: Архитектонски факултет, УКИМ
Организатори: Министерство за образование и наука и Европската агенција за истражувања, во соработка со националниот координатор за Horizon Europe, г-ѓа Марина Николовска, националните претставници, NCP Александра Мартиновска Стојческа и член на Програмски комитет Емилија Фиданчевски, проректорката за наука на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Валентина Гечевска и директорот на ЦАПРИС Огнен Марина.За програмата во продолжение.