Почетна | Новости | 17.01.2024


Четврта зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ

Почитувани семинаристи и македонисти,

Во годината на големите јублеи на великаните: 150 години од раѓањето на Крсте Мисирков, 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски и 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски и во годината кога Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има голем јубилеј 75 години од основањето, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура има чест да Ве покани на Свеченото отворање на Четвртата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ на 22 јануари 2024 година (понеделник) во 10 часот (на далечина, на платформата Zoom).

ПРОГРАМА НА СВЕЧЕНОТО ОТВОРАЊЕ:

Поздравна реч:

  • проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на УКИМ
  • проф. д-р Александар Скепаровски, проректор за меѓународна соработка на УКИМ
  • проф. д-р Кристина Николовска, директор на МСМЈЛК при УКИМ во Скопје

Пленарно предавање:

  • проф. д-р Димитар Пандев: „Учењето на Свети Климент Охридски од неговото време до денес“

МСМЈЛК при УКИМ во Скопје