Почетна | Новости | 26.12.2023


Нови стипендисти од УКИМ

НА 26.12.2023 ГОДИНА БЕА ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА СТИПЕНДИИ

На 26.12.2023 година беа потпишани договори за стипендии. Стипендиите се доделуваат од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Договор за доделување на стипендија потпишаа 58 нови стипендисти и 76 стипендисти на кои им се продолжува стипендијата која прв пат им беше доделена во 2021 година. Ректорката проф. д-р Биљана Ангелова, која воедно е директор на Фондацијата, им се обрати на присутните со пригодни зборови за ликот и делото на донаторот Атанас Близнаков.

Близнаков е првенец во редот на донаторите на нашиот универзитет. Преку својот тестамент, во Фондацијата донирал дел од лично стекнатиот капитал, како средства наменети за стипендирање на талентирани студенти, кои немаат доволно материјални средства за школување.

Со помош на доделените стипендии преку оваа фондација, многу некогашни студенти го оствариле својот сон, дипломирале и денес се многу успешни во својата област кај нас и во светот.