Почетна | Новости | 12.10.2023


Средба на Ректорката проф. д-р Биљана Ангелова и Проректорката за наука проф. д-р Валентина Гечевска со највлијателните 2% научници во светот според листата на Универзитетот Стенфорд

На 12.10.2023 година во Ректоратот на УКИМ се реализираше средба на Ректорката проф. д-р Биљана Ангелова и Проректорката за наука проф. д-р Валентина Гечевска, со највлијателните 2% научници во светот според листата на Универзитетот Стенфорд, со афилијација на УКИМ: академик Љупчо Коцарев, академик Леонид Грчев, академик Валентин Мирчески, проф. д-р Иван Грозданов, проф. д-р Трајче Стафилов, проф. д-р Марјан Гушев, проф. д-р Биљана Бауер, проф. д-р Гоце Спасовски, проф. д-р Биљана Ристеска Стојкоска и нас.вон.проф. Трифче Сандев.
Ректорката упати честитки за нивниот успех како дел од листата на топ 2% највлијателни научници во светот.На средбата беше кажано дека успехот на оваа група професори на УКИМ е и наша заедничка одговорност. Одговорност да ги следиме позитивните примери, како стандард кон кој треба да се стремиме како академска заедница на УКИМ.
УКИМ е во процес на иницирање на реформа која би ги подигнала не само квантитативно, туку и квалитативно стандардите и критериумите во наставно-научната дејност, па нивното искуство и позитивен пример се од големо значење во оваа смисла, за што подетално се разговараше.УКИМ поседува врвен потенцијал, не само во научната туку и во уметничката дејност. Универзитетот секогаш ќе ги поддржува сите нивни залагања за што подобри резултати, со цел заеднички подобри резултати на Универзитет.