Почетна | Новости | 27.06.2024


Заедничката студиска програма од втор циклус студии на ИСППИ по Политички науки – Интеграција и управување

Во периодот од 24 до 28 јуни на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во организација на Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања при УКИМ, се релизира Обука за методологија на заеднички магистерски програми за наставниците во политичка теорија, компаративна политика, јавна политика и администрација.
 
Во третиот ден од обуката, членовите на Конзорциумот и слушателите на обуката го посетија Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде се презентираше успешниот модел на Заедничката студиска програма од втор циклус студии по Политички науки – Интеграција и управување (PoSIG). Оваа програма е резултат на заедничките напори на Универзитет во Салзбург, Австрија и Институтот за социолошки и поличтико-правни истражувања и успешно работи уште од 2017 година.
 
Во обуката активно учество имаат претставници на Универзитетот во Салцбург, на Грузискиот институт за јавни работи, на Државниот универзитет во Тбилиси, на Државниот универзитет во Ереван, на Меѓународниот универзитет Евроазија, претставници на Еразмус програмата и на Универзитетот „Св. Кирил и Мјетодиј“ во Скопје.