Почетна | Новости | 25.06.2024


Конкурс за електронско издаваштво на УКИМ

Академското електронското издаваштво на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има развиено Дигитална библиотека на е-книги, во согласност со правилата за отворен пристап.

Согласно со чл. 22, став 5 и чл. 25-а од Правилникот за организирање на издавачката дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Универзитетски гласник бр. 264 од ноември 2013 година) и Одлуката за  издавање на учебници во електронска форма (бр. 11-469 од 5.3.2014 година), Универзитетот започнува со објавување на учебниците и учебните помагала во електронска форма. Учебниците и учебните помагала, за кои претходно е добиена согласност од авторите, се објавуваат на интернет страницата на УКИМ со отворен пристап.

 

Во тек е објавен КОНКУРС за академско електронско издаваштво на УКИМ за 2024/2025 година. Повеќе на следниот линк.

 

КОНКУРС за електронско издаваштво на УКИМ

 

К О Н К У Р С за финансирање на електронско издаваштво на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2024/2025 година

Релевантни документи за електронско издаваштво на УКИМ: