Студентски живот | Спорт

Факултетот за физичко образование, спорт и здравје – ФФОСЗ при УКИМ, секоја академска година организира спортски лиги од колективните и индивидуалните спортови на универзитетстко ниво. Ова претставува одлична прилика за меѓусебно дружење на студентите од различните факултети, како моменти за паметење.

Универзитетските лиги опфаќаат 4 колективни спортови:

  • Кошарка
  • Ракомет
  • Мал фудбал
  • Одбојка

Исто така, опфатени се и неколку индивидуални спортови:

  • Куглање
  • Стрелаштво со воздушна пушка
  • Тенис
  • Пинг понг
  • Шах

Спортовите кои ќе се играат на Универзитетската лига во одредена академска година, се гласаат според заинтересираноста на мнозинството студенти.

На натпреварите во сите спортови судат професинални, лиценцирани судии и стручни лица кои гарантираат фер плеј и игра без повреди.