Студентски мобилности | Академски кредит систем на УКИМ

Академски кредит систем


 

На факултетите и институтите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се реализираат високо квалитетни студиски програми во областите на природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските, земјоделските и ветеринарните, општествените и хуманистичките науки и сите уметности, развивани во согласност со принципите на Болоњската декларација, на трите циклуси академски студии.

УКИМ нуди и интердисциплинарни и мултидисциплинарни студиски програми на сите три циклуси студии, развивани во соработка помеѓу единиците на УКИМ и со други универзитети од странство.

 


Севкупно на УКИМ, активни се 359 студиски програми на прв циклус, 204 студиски програми на втор циклус и 80 студиски програми на трет циклус, акредитирани од Одборот за акредитација, со спроведување на евалуациски механизми, според препораките од Одборот за евалуација и Агенцијата за квалитет во високото образование на РСМ.

 


  • Студиите од прв циклус се организирни како академски студии во траење од три или четири години, при што студентите се стекнуваат до 180 или 240 ЕКТС.
  • Студиите на вториот циклус се организирани како академски студии во трање од една или две години, при што студентите се стекнуваат со 60 или 120 ЕКТС.
  • На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, преку Школата за докторски студии, се реализира трет циклус на докторски студии, со времетраење од три години или 180 ЕКТС.