Студентски сервиси | iKnow

   

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ нуди портал за електронска поддршка на сите студентски сервиси (iKnow), преку интернет страниците www.iknow.ukim.mk и www.upisi.ukim.mk. Интегрираниот систем за студентски сервиси iKnow е дигитален систем што се користи за управување со студентското досие и координација на останатите студентски сервиси.

 

  • Интернет страницата www.upisi.ukim.mk, еУписи, е наменета за сите кандидати кои сакаат да се запишат на сите циклуси на студии на некои од факултетите или институтите во состав на Универзитетот, во постапката за комплетирање на нивната електронска пријава.
  • Интернет страницата www.iknow.ukim.mk, iKnow, ја користат сите активни студенти кои студираат на некоја од студиските програми на факултетите или институтите во состав на Универзитетот и истата претставува електронска поддршка за работењето на студентските служби.

 


Упатство за користење на интегрираниот систем за студентски сервиси – iKnow