Втор циклус

 

На факултетите и институтите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се реализираат високо квалитетни студиски програми во областите на природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските, земјоделските и ветеринарните, општествените и хуманистичките науки и сите уметности, развивани во согласност со принципите на Болоњската декларација, на трите циклуси  академски студии. Притоа, УКИМ нуди и интердисциплинарни и мултидисциплинарни студиски програми, развивани во соработка помеѓу единиците на УКИМ и со други универзитети од странство.

 

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, активни се 204 студиски програми на втор циклус, акредитирани од Одборот за акредитација, со спроведување на евалуациски механизми, според препораките на Одборот за евалуација и Агенцијата за квалитет во високото образование на РСМ. Студиите од втор циклус се организирни како академски студии, со времетраење од една или две години, при што студентите се стекнуваат со 60 или 120 ЕКТС.

 

Во продолжение е даден преглед на студиските програми на втор циклус студии на УКИМ, презентирани по факултети, со пристап до акредитираните елаборати и предметните структури.

 

Институти

Економски институт

Земјоделски институт

Придружни членки – Јавни научни установии