Гостувачко предавање
Универзитетската школа за докторски студии организира две работилници за сите студенти на трет циклус студии – докторски студии.
ПРВА РАБОТИЛНИЦА
Наслов: Основи на отворена наука Информација за работилницата: Предавањата на работилницата ќе дадат вовед за основите на отворената наука, како што се отворените публикации, отворените податоци, отворените методи и алатки и отворените сервиси и инфраструктура. Дополнително, ќе бидат презентирани и тековните активности во рамкките на Европскиот облак за отворена наука (European Open Science Cloud) како централна точка за отворена наука на Европската комисија. Оваа работилница е поддржана од проектот EOSC-Future.
ВТОРА РАБОТИЛНИЦА
Наслов: Отворен пристап и цитирање
Презентациите од двете работилници може да се најдат на следниот линк.
Универзитетска школа на докторски студии
Претседател Проф. д-р Христина Спасевска
|