Гостувачко предавање
Универзитетската школа на докторски студии, за студентите на трет циклус студии – докторски студии, организира обука за користење на алатката KNIME (https://www.knime.com/) за анализа на податоци, со визуелен интерфејс, без кодирање, што ја прави оваа платформа соодветна за луѓе од различни области. На обуката ќе биде претставен процесот на креирање на аналитички модели, почнувајќи од едноставни, до по сложени модели на машинско учење. Практично ќе бидат прикажани примери за анализа, предвидување, класификација и кластерирање на податоци од различни области, како од медицината, економијата, енергетиката и сл.
Предавачи се вонр. проф. д-р Мирослав Мирчев и доц. д-р Александра Дединец од ФИНКИ. За присуство на настанот потребно е да се регистрирате на следниот линк Поканата за обуката можете да ја најдете на следниот линк. Универзитетска школа на докторски студии
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје |