Студии | Предмети за стекнување генерички знаења и вештини за истражување

 

Студентите запишани во учебната 2023/2024 година (на студиските програми на трет циклус докторски студии, кои имаат структура на студиската програма согласно Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии – докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје – Универзитетски гласник бр. 530, 31 декември 2020), предметот за стекнување генерички знаења и вештини за истражување од универзитетска листа на изборни предмети го избираат во соработка со менторот од полето или областа на истражување.

УНИВЕРЗИТЕТСКА ЛИСТА НА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ ГЕНЕРИЧКИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ

 

Студентите запишани на студиските програми на трет циклус докторски студии: Географија, Информатика, Компјутерски науки и инженерство, Земјотресно инженерство, Металургија, Технологија, Безбедност и храна, Демографија, Меѓународни односи и менаџирање на конфликти, Педагошки науки, Психологија, Социологија, Социјална работа и социјална политика, Демократија во услови на глобализација, Социологија на окружувањето, Социологија на организација Кинезиологија, Историја на Македонија, Историја, Историја на уметноста и археологијата, Филозофија, Културна историја и географија на Македонија, Класична и византиска книжевност и класична микенска филологија, Наука за јазикот, Наука за книжевноста, Македонистика, Етнологија и антропологија, кои имаат структура на студиската програма согласно Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии – докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје – Универзитетски гласник бр. 418 од 30.1. и 18.2.2019, во првиот семестар избираат предмети за стекнување генерички знаења:

Научноистражувачка етика (4 ЕКТС-кредити)
Методологија на научноистражувачка работа (4 ЕКТС-кредити)

Еден предмет од Листата на изборни предмети од третата група предмети за стекнување на генерички знаења и вештини за истражување – универзитетска листа на изборни предмети од трет циклус студии (4 ЕКТС-кредити) во соработка со менторот избираат предмети од следните листи:

НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКА ЕТИКА

МЕТОДОЛОГИЈА НА НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКАТА РАБОТА

УНИВЕРЗИТЕТСКА ЛИСТА НА СЛОБОДНИ ПРЕДМЕТИ ЗА ТРЕТ ЦИЛКУС – ДОКТОРСКИ СТУДИИ

 

Пријавата за запишување на предметите студентите треба во хартиена форма да ги приложат со документите за упис на факултетот/институтот, каде е запишан студентот.

ПРИЈАВА ЗА ИЗБОР НА ПРЕДМЕТИ ЗА АКАДЕМСКА ОБУКА – О5-ПАО