Почетна | Новости | 02.09.2024


Гостувачко предавање

Универзитетската школа за докторски студии организира две работилници за сите студенти на трет циклус студии – докторски студии.
ПРВА РАБОТИЛНИЦА

Наслов: Основи на отворена наука
Предавачипроф. д-р Анастас Мишев и проф. д-р Соња Филипоска
Термин: 7.02.2022 година од 18 до 20 часот
ЛинкMicrosoft Teams вебинар

Информација за работилницата: Предавањата на работилницата ќе дадат вовед за основите на отворената наука, како што се отворените публикации, отворените податоци, отворените методи и алатки и отворените сервиси и инфраструктура. Дополнително, ќе бидат презентирани и тековните активности во рамкките на Европскиот облак за отворена наука (European Open Science Cloud) како централна точка за отворена наука на Европската комисија. Оваа работилница е поддржана од проектот EOSC-Future.

 

ВТОРА РАБОТИЛНИЦА

Наслов: Отворен пристап и цитирање
Предавачм-р Розита Петринска Лабудовиќ
Термин: 10.02.2022 година од 17 до 18 часот
ЛинкMicrosoft Teams вебинар
Информација за работилницата: Првиот дел од предавањето е насочено кон отворен пристап до научни трудови и податоци во електронска форма (англ. Open Access), со цел да се информираат докторандите за начинот за објавување во списанија и платформи од отворен пристап, но и да добијат информации за Creative Commons лиценците како едни од најчестите и најпознатите лиценци за отворен пристап. Вториот дел од предавањето се однесува на правилата и различните стилови на цитирање при изработка на научни трудови. Оваа работилница е поддржана од проектот NI4OS-Europe.


 

Презентациите од двете работилници може да се најдат на следниот линк.
 
Универзитетска школа на докторски студии
Претседател
Проф. д-р Христина Спасевска