Почетна | Новости | 12.05.2022


На Економскиот институт во Скопје свечено ќе се одбележи 70-годишнината од основањето

Економски институт – Скопје, како единица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 18.5.2022 година одбележува 70 години од своето постоење. По тој повод, Институтот организира пригодна свеченост, на која покрај директорот на Економскиот институт, проф. д-р Зоран Јаневски, ќе се обрати и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, како и министерот за образование и наука на Република Северна Македонија, д-р Јетон Шаќири.

Во рамки на одбележувањето на значајниот јубилеј – 70 години од постоењето, Економскиот институт ќе потпише ЕДУ партнерски договор со Даталаб МК, фирма за поддршка на компаниите во процесот на дигитална трансформација. Станува збор за компанија која соработува со повеќе образовни институции во регионот, овозможувајќи им пристап до модерни алатки за оперативно функционирање.
Како дел од свеченоста по повод 70 години од основањето на институтот, Економскиот институт ќе додели благодарници на факултети, научни институти, институции и приватни компании од земјата и од странство со кои Институтот имал успешна и долгогодишна соработка. Исто така, пофалници ќе им бидат доделени на студентите кои во периодот 2017-2020 година магистрирале со висок просек и забележителен успех на студиските програми од втор циклус на Економскиот институт.
Прославата може да се проследи на следниов ZOOM линк: