Почетна | Новости | 07.03.2024


Поддршка на УКИМ на факултетските студентски собранија и факултетите

УКИМ секоја година, преку конкурс, поддржува проекти на факултетските студентски собранија и факултетите. Целта на оваа поддршка е реализација на проекти во областа на културата и спортот, но и други манифестации од интерес.

УКИМ верува дека подобра иднина може да градиме само кога науката и уметноста работаат заедно, на патот кон создавање на поинвентивно и подобро општество.
Науката го развива нашето општество со цел – светот подобро место за живеење. Во исто време, уметноста придонесува за културно збогатување и социјална интеракција.

Минатата година, меѓудругите, беше поддржан проектот Летна школа NEW ART FOR(U)M; Сесија: Помеѓу природата и активизмот, 2023, од Факултетот за ликовни уметности.

Проектот NEWARTFOR(U)M е замислен како едноседмична летна школа за експериментални уметнички практики изведена надвор од факултетските ателјеа на алтернативна локација (населено место Лазарополе, Општина Маврово и Ростуша).
Предмет на интерес на оваа сесија(2023) на школата беше Land & Environmental уметноста.