Почетна | Новости | 23.05.2024


ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

No alt text provided for this image

✨СО ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ – ОДБЕЛЕЖАНА 75-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО И ПАТРОНИОТ ДЕН НА УКИМ✨

 

✨СО ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ – ОДБЕЛЕЖАНА 75-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО И ПАТРОНИОТ ДЕН НА УКИМ✨

Во рамките на Програмата по повод одбележувањето на јубилејот 75-години од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и одбележувањето на „24 Мај“ – Денот на светите Кирил и Методиј – патрониот ден на Универзитетот, на 23 мај беше положено цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј, во рамките на универзитетскиот кампус за општествени науки.

Почит кон патроните на Универзитетот, со положување цвеќе искажа делегација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, предводена од ректорката, проф. д-р Биљана Ангелова, проректорите, претседателот на Универзитетскиот сенат и генералниот секретар, како и високи делегации на државниот врв и дипломатскиот кор во државата, и тоа: делегација на Владата на Република Северна Македонија, пратеници во Собранието на РС Македонија, делегација од Кабинетот на претседателката на РС Македонија, делегација од Армијата, Сојузот на борци.

На споменикот на светите Кирил и Методиј со положување свежо цвеќе почит изразија и претставници на странски универзитети и претставници на AcrossEU алијансата, како и претставници на следниве странски амбасади акредитирани во Република Северна Македонија: Р Словачка, НР Кина, БиХ, Романија, Шпанија, Чешка, Украина, Јапонија, Германија, Европската Унија, Бугарија, Србија и Полска, како и претставници на политички партии во државата.

Церемонијата продолжи со положување цвеќе од страна на претставници на сите единици на Универзитетот, потоа делегации на: ССУКИМ, Центарот за Кариера, Институтот „Конфуциј“, Студентската поликлиника, како и на делегација на Универзитетското студентско собрание.