Почетна | Новости | 27.10.2023


УКИМ е членка на Коалицијата за унапредување на истражувачката евалуација (COARA)

На 27 октомври 2023 година официјално започна со работа Работната група за реформирање на евалуацијата на академската кариера (ACA), каде што УКИМ е член и еден од ко-лидерите на работните задачи.

Во текот на овие 2 години, Работната група ќе развие адаптибилна алатка за ACA, земајќи ги предвид сите универзитетски мисии, како и широкиот опсег на активности, вештини и компетенции на академскиот кадар во различни фази од нивната кариера.

Заедно со 35 партнери од Европа, предводени од копретседавачите Пастора Мартинез Сампер (EUA) и Мониек Тромп (YAE), целосно сме посветени на оваа многу важна мисија.