Почетна | Новости | 08.10.2021


Уким ги наградува најдобрите студенти

Ве известуваме дека на 12 октомври 2021 година (вторник), со почеток во 11,00 часот, пред платото на Ректоратот на УКИМ ќе бидат доделени пофалниците и пригодните награди на најдобро дипломираните студенти за учебните 2018/2019 и 2019/2020 година.
Исто така, на редовните студенти од завршниот семестар во прв циклус студии кои покажуваат особени резултати во студиите, со просечен успех остварен во текот на студирањето од најмалку 8,00 од Архитектонскиот, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Филозофскиот, Економскиот, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Факултетот за драмски уметности за учебната 2019/2020 година ќе им биде врачена наградата „26 јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија.
Со особено задоволство Ве покануваме да присуствувате на двете свечености.

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје