Почетна | Новости | 22.11.2022


МААА И УКИМ потпишаа меморандум за соработка

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, претставуван од ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски, и Македонско-американската алумни-асоцијација – МААА, Скопје, застапувана од преседателката Верица Јорданова, на 22 ноември 2022 година, во просториите на УКИМ, потпишаа МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА.
Со заедничка заложба на потписниците за унапредување на образовниот систем, со овој Меморандум, се овозможува постојана размена на искуства, информации и продлабочување на соработката во областа на образованието, културата и уметноста.Целта на оваа соработка е поттикнување на долготрајно партнерство, во насока на:

  • реализација на практикантска обука;
  • заедничко учество и соработка во проекти;
  • изработка на соодветни анализи и заедничко учество на стручни семинари, трибини, форумски дебати, обуки и сл.;
  • размена на експертиза и други прашања значајни за бизнис-заедницата и образованието.
Меѓу другото, страните потписнички се обврзаа да се координираат и да ги усогласуваат своите идеи и ставови за заеднички настап во земјата и во странство и да учествуваат во активности од заеднички интерес.