Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура е внатрешна организациска единица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (со скратен назив: МСМЈЛК при УКИМ), чија основна дејност е афирмација на македонистиката, презентирање, координирање на високообразовните и научните достигнувања од областа на македонистиката во земјата и во странство.

Педест и седум годишната дејност на МСМЈЛК при УКИМ, подразбира организација на Летни школи, Зимски школи, Меѓународни научни конференции и други активности како работилници, тркалезни маси за македонскиот јазик, литература и култура.

МСМЈЛК при УКИМ во Скопје организира подготвителна настава по македонски јазик за странци, ја организира работата на лекторатите по македонски јазик, литература и култура на странските универзитети во странство, го поттикнува и афирмира развојот на македонистиката во светот и кај нас, развива издавачка дејност и врши поширока дејност во рамки на УКИМ.