Универзитетски рангирања

Информативен портал на УКИМ за RANKING  |  РАНГИРАЊЕ


 

Неколку децении, глобални светски сервиси спроведуваат рангирања на универзитетите, воспоставени во земји со развиени високообразовни системи, базирани на критериуми за класификација и индикатори за квалитет, преку што се спроведуваат метрики на академските карактеристики.

Првично ексклузивни за англо-саксонските земји за евалуација на бизнис школите, рангирањата се проширени на глобално ниво и на сите видови високообразовни институции, со цел транспарентно да се прикажат перформансите во различни области, во истражувањето, едукацијата, како и дополнителни критериуми, општествено влијание, вработливост, одржливост, одличност, видливост.

 


Овој информативен портал на УКИМ ги прикажува највлијателните сервиси за меѓународни универзитетски рангирања, накратко објаснувајќи ги критериумите за класификација и индикаторите за оценување.

 

Рангирањето ARWU (Academic Ranking of World Universities) или Академското рангирање на светските универзитети, попознато како Шангајско рангирање, е едно од најпознатите рангирања на универзитети ширум светот, изготвувано од група специјалисти по библиометрија од Шангајскиот универзитет Џиао Тонг (Кина). Оваа листа ги вклучува најголемите и највлијателните високообразовни институции во светот и опфаќа повеќе од 25.000 универзитети.

 

Фокусот на овој систем е истражувачката активност, така што, во тој контекст овозможува униформа споредба помеѓу универзитетите. Овој фокус базира на тезата дека добрите резултати во истражувањето, водат до добри резултати во останатите димензии.

 

Системот за позиционирање е индивидуализиран за првите 100 универзитети, додека од позицијата 101 понатаму, позиционирањето е групно, според деловите утврдени со рангирањето. Од 2003 година, ARWU на годишно ниво, ги претставува глобално најдобро рангираните 2000 универзитети.

 

 

Методологија и индикатори

Методологијата за рангирање на универзитетите базира на алгоритам, кој ги зема во предвид следните ARWU индикатори:

  • Алумни (10%): број на студенти наградени со Нобеловата награда или Filds медал,
  • Награда (20%): број на вработени наградени со Нобеловата награда или Filds медал,
  • HiCi (20%): број на високо цитирани истражувачи во 21 област, дефинирани според ARWU сервисот,
  • N&S (20%): број на научни трудови објавени во научните списанија Science and Nature,
  • PUB (20%): бројот на академски трудови регистрирани во Индексот на наводи за наука и Индексот на цитати за општествени науки и
  • PCP (10%): „производство по глава на истражувач на институцијата“, односно резултатот од сите горенаведени показатели, поделен со бројот на академскиот кадар на институцијата, вработен со полно работно време.

 

Други класификации

Покрај главното рангирање, ARWU ги објавува:

  • перформансите на академското рангирање на светските универзитети по главни научноистражувачки подрачја, ARWU-FIELD:
  • Природни науки
  • Инженеринг
  • Животни науки
  • Медицински науки
  • Општествени науки

 

  • перформансите на академското рангирање на светските универзитети по научноистражувачки области, ARWU-SUBJECT:
  • Математика
  • Физички
  • Хемија
  • Компјутерска наука
  • Економија и бизнис

 

Корисни информации за ARWU универзитетското рангирање:

 

 

 

 

CWUR Center for World University Ranking (Центарот за рангирање на светски универзитети) е консултантска организација која обезбедува совети за политиките и стратешки увиди на владите и универзитетите за подобрување на образовните и истражувачките резултати. Од 2016 година, CWUR е со седиште во Обединетите Арапски Емирати.

 

Од 2012 година, CWUR објавува академски светско универзитетско рангирање, кое го оценува квалитетот на образованието, вработувањето на студентите, резултатите од истражувањето и цитатите, без да се потпира на анкети и презентација на податоци преземени од  универзитетите. На почетокот, CWUR рангирањето ги презентира првите 1.000 од анализирани над 18.000 универзитети ширум светот. Од 2019 година, презентираните резултати од рангирањето се прошируваат и ги вклучуваат најдобрите 2.000 универзитети.

 

Методологија и индикатори

CWUR користи седум индикатори за рангирање на најдобрите 2.000 универзитети во светот:

 

  1. Квалитет на образование, мерено преку бројот на алумни на универзитет, кои освоиле важни меѓународни награди и медали во однос на големината на универзитетот (15%).
  2. Вработување на алумни, мерено преку бројот на алумни на универзитет, кои имале менаџерски позиции во водечките светски компании во однос на големината на универзитетот (15%).
  3. Квалитет на наставниот кадар, мерено според бројот на академици кои се здобиле со значајни меѓународни награди и медали (15%).
  4. Резултати од истражувањето, мерени според вкупниот број на научноистражувачки трудови (15%)
  5. Квалитетни публикации, мерени според бројот на научноистражувачки трудови што се појавуваат во списанија на највисоко ниво (15%)
  6. Влијание, мерено според бројот на научноистражувачки трудови што се појавуваат во високо влијателни списанија (15%)
  7. Цитати, мерени според бројот на високо цитирани научноистражувачки трудови (10%)

 

Корисни податоци за CWUR рангирање

QS World University Rankings е годишно рангирање на повеќе од 1000 универзитети во светот, со интенција истовремено да служи како секторска и регионална класификација, користејќи шест метрики за анализа на перформансите на универзитетите. Овој систем за универзитетко рангирање е особено поддржуван и престижен за Европските универзитети. Од 2015 година, воведена е стандардизација на научноистражувачките области и понерирачка методологија , со цел објективност при рангирањето на универзитети со различни димензии и со различно покривање на научноистражувачките подрачја.

Покрај QS Светската ранк листа на универзитети, овој сервис објавува и специфични рангирања, според воведени критериуми:

  • QS Регионални рангирања – Европско регионално рангирање, LATAM рангирање, BRICS рангирање, Азиско рангирање,
  • QS World University Rankings – по научноистражувачки полиња, класифицирани во 5 групи (Уметност и хуманитарни науки; Инженерство и технологија, Природни науки, Био науки и медицина, и Општествени науки) и 48 научноистражувачки области.
  • QS Top 50 Under 50 World University Rankings – ги рангира најдобрите светски универзитети, кои постојат под 50 години, за да им овозможи на некои од најдобрите млади универзитети во светот, да се истакнат наспроти оние со многу подолга историја.

 

Покрај гореспоменатите рангирања, сервисот QS World University Rankings објавува систем за евалуација на перформансите на универзитетите во различни области, наречени QS Stars University Ratings, при што наместо да се споредуваат институциите едни со други, тие се оценуваат според нивните перформанси во однос на воспоставениот стандард.  Овој систем за евалуација на перформансите на универзитетите функционира како ревизија на силните и слабите страни на универзитетите, преку анализа на податоците обезбедени, по десетина индикатори.Притоа, ревизијата доделува ѕвезди и по категории и на глобално ниво, без да се наметнува ограничување на бројот на универзитети кои можат да постигнат највисок резултат или релативен ред меѓу нив.

 

Методологија и индикатори за QS World University Rankings

Овој систем воведе нова методологијата за рангирање во 2023 година, преку вклучување на нови индикатори, поврзани за одржливоста и вклученост во меѓународни истражувачки мрежи. Метриката на QS сервисот за рангирање е заснована на следните индикатори со наведените тежински фактори:

  1. Академска репутација (30%) – базиран на академско истражување за квалитетот на наставата и истражувањата на светските универзитети.
  2. Репутација на работодавач (15%) – базиран на истражување, кое бара одговори од работодавците да ги идентификуваат оние институции кои произведуваат најкомпетентни, иновативни и најефикасни дипломирани кадри. Истражувањето на работодавачите на QS е едно од најголемите во светот од ваков вид.
  3. Сооднос наставник/ученик (20%) – индикатор кој го проценува степенот до кој институциите можат да им обезбедат на студентите значаен пристап до професори и тутори.
  4. Сооднос на цитати по истражувачки кадар (20%) – индикатор кој го мери квалитетот на институционалното истражување со пресметување на вкупниот број на цитати за сите трудови произведени од институција во период од пет години, калкулирано со бројот на членови по факултет, во таа институција. За да се земе предвид фактот дека различните истражувачки области имаат многу различни култури на публикување, цитатите се нормализираат, со што се обезбедува објективно оценување на влијанието на истражувањата од различни области, кои ги негува една институција. Овој сервис за универзитетски рангирања, како извор за анализа на научноистражувачки трудови и цитати, со претходно исклучување на самоцитатите, ја користи базата на податоци на Elsevier’s Scopus,  со анализа на објавувањата од последните пет години.
  5. Сооднос меѓународни наставници / меѓународни студенти (5%) – индикатор кој укажува на предностите на универзитетите кои привлекуваат наставници и студенти од целиот свет, што сугерира дека имаат силна меѓународна репутација.
  6. Меѓународна истражувачка мрежа (5%) – индикатор кој ја одразува способноста на институциите да градат диверзифицирани меѓународни истражувачки мрежи.
  7. Резултат на вработливост (5%) – индикатор кој ја одразува способноста на институциите да обезбедат високо ниво на вработливост за нивните дипломирани студенти.
  8. Одржливост (5%) – индикатор кој укажува кои институции покажуваат посветеност на поодржливо постоење и одржлив развој.

 

Корисни податоци за QS  рангирање

 

Рангирањето на светските универзитети на Times Higher Education ( THE), е годишно објавување на рангирање на универзитетите на списанието Times.

Во моментот, се објавуваат неколку рангирања:

На глобално ниво:

  • THE World University Rankings
  • THE World Reputation Rankings
  • THE University Impact Rankings
  • THE Young University Rankings

За настава:

  • Wall Street Journal/ THE College Rankings
  • THE Europe Teaching Rankings

На регионално ниво:

  • THE Emerging Economies University Rankings
  • THE Latin America University Rankings

По области на знаење:

  • THE Global Subject Rankings

 

Методологија и индикатори на THE Times Higher Education

Овој сервис за рангирање на универзитетите користи академска класификација со објективна методологија, но не целосно библиометриска, базирана на следните индикатори со наведените тежински фактори:

  • Настава (30%)
  • Истражување (30%)
  • Цитати (30%)
  • Меѓународна перспектива (7,5%)
  • Приходи од индустријата и трансфер на знаење ((2,5%)

 

Корисни податоци за THE  рангирање

 

SCImago Institutions Rankings (SCImagoIR) e меѓународно рангирање на истражувачки институции   ширум светот, koe go sproveduva SCImago LAB од Шпанија.

 

Методологија и индикатори на SCImagoIR

Овој сервис направи измени во методологијата на почетокот на 2023 година и истата ја примени и на резултатите од претходните години, што направи одреден метеж во континуираноста на слоедењето на институционалните рангирања.

Кај овој сервис за рангирање, индикаторите се поделени во три групи наменети да ги рефлектираат научните, економските и социјалните карактеристики на институциите. SCImagoIR обезбедува глобални статистички податоци за научните публикации и други резултати на институциите, притоа овозможувајќи да се прават споредби помеѓу институции, со различна големина.

Методологијата базира на следните три глобални индикатори, кои претставуваат групи на подиндикатори (со доделена различна тежина), при што финалните вредности се нормализираат на скала од 0 до 100.

  • Истражувачки индикатори (50%, податоци извлечени од Scopus)
  • Индикатори за иновации (30%)
  • Индикатори за социјално влијание (20%)

 

Корисни податоци за SCImagoIR рангирање

WEBOMETRICS е сервис за рангирање на универзитетите во светот, развиен од Лабораторијата за киберметрија на Вишиот совет за научно истражување (CSIC) од Шпанија, кој делува како научна и технолошка опсерваторија достапна на Интернет. Класификацијата базира на анализа на податоци за повеќе од 27.000 универзитети и повеќе од 5.000 истражувачки центри, а резултатите прикажуваат 4.000 најдобро пласирани институции.

 

Методологија и индикатори на WEBOMETRICS

Библиометриската методологија го зема предвид обемот на содржините објавени на веб, како и видливоста и влијанието на содржините според надворешните врски што укажуваат на нивните веб-страници. Оваа методологија ја оценува важноста на институцијата во рамките на социјалната мрежа на универзитетски сајтови во светот.

Методологијата еволуираше значително во текот на последната деценија, така што резултатите од различните изданија не се директно споредливи.

Методологијата базира на следните индикатори со соодветни тежински фактори:

  • Присуство (5%) – број на страници на главниот веб домен на институцијата.
  • Влијание / Видливост (50%) – број на надворешни мрежи кои имаат линкови до веб-страниците на институциите.
  • Отвореност/Транспарентност (10%) – број на цитати од главните автори, при што изворот е Google Scholar Citations.
  • Извонредност (35) – број на академски статии објавени во меѓународни списанија со големо влијание, извлечени за 10% најцитирани автори во нивните соодветни научни дисциплини. Изворот на индикаторот е Scimago.

 

Корисни податоци за SCImagoIR рангирање

  • Повеќе податоци
  • Фреквенција на објавување – два пати годишно, во февруари и јули