Почетна | Новости | 03.07.2024


Отворен повик за 40 стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“

Отворен повик за доделување 40 стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“

Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје и Фондацијата МК2025 објавуваат повик за доделување 40 (четириесет) стипендии за студенска извонредност за редовни студенти запишани на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2024/2025 година.

Стипендиите се доделуваат на редовни студенти кои се запишани на прв циклус на студии на сите факултети при Универзитет “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје, кои постигнале исклучителни резултати и успех во претходниот циклус на образование, имаат достигнувања и мотивација за личен и професионален развој, но и кои немаат доволно средства за продолжување на сопственото образование.

Во 2024/2025 година, 40 средношколци кои ќе се запишат на прва година на студии на Универзитетот “”Св. Кирил и Методиј”” Скопје ќе добијат стипендиja во висина од 2.500,00 (две илјади и петстотини) американски долари годишно.