Информации за студентите | Втор циклус – Конкурси

К О Н К У Р С  за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на УКИМ во учебната 2024/2025 година

 

Универзитетот обезбедува пристап до сите свои студиски програми под еднакви услови и селекција на кандидатите за упис, врз принципот на рамноправност на сите кандидати, без оглед на раса, боја на кожа, пол, род, јазик, вера, политичко или друго уверување, етничко, национално или социјално потекло, имот, раѓање, општествена положба, инвалидност, сексуална определба и возраст.

Запишувањето на студентите на втор циклус студии се врши врз основа на јавен конкурс што го објавува Универзитетот по добивањето на согласност од Владата на Република Северна Македонија.

Универзитетот, во конкурсот, ги утврдува критериумите врз основа на кои врши селекција и избор на кандидатите за запишување на студиите.

Рокови за пријавување и запишување во учебната 2024/2025

Прв рок Втор рок
Пријавување на кандидатите 1 до 11.10.2024 3. до 14.2.2025
Запишување на кандидатите 18 и 21.10.2024 20. до 21.2.2025

* На Архитектонскиот факултет пријавувањето во првиот рок ќе се одвива на 19 и 20.9.2024, додека запишувањето на 26 и 27.9.2024

** Втор уписен рок ќе се спроведе на единиците, односно на студиските програми за кои не се пополнети конкурсните квоти и на кои постојат услови за отпочнување и изведување на наставата во летниот семестар.
По реализацијата на првиот уписен рок, за непополнетите места на единиците, односно студиските програми, Универзитетот, на својата интернет страница, ќе објави број на слободни места за запишување во вториот уписен рок во учебната 2024/2025 година.

iKnow – систем за електронски студентски сервиси 


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кој го одржува порталот за електронски студентски сервиси – iKnow со интернет страниците www.iknow.ukim.mk и www.upisi.ukim.mk.

Интернет страницата www.upisi.ukim.mk, е наменета за сите кандидати кои сакаат да се запишат на втор циклус на студии на некои од факултетите или институтите во состав на Универзитетот, во постапката за комплетирање на нивната електронска пријава.

Интернет страницата www.iknow.ukim.mk, ја користат сите активни студенти кои студираат на некоја од студиските програми на факултетите или институтите во состав на Универзитетот, а кој го користат системот iKnow за електронска поддршка за работењето на студентските служби.

Систем за електронска поддршка на запишувањето Систем за електронски студентски сервиси

 

Упатство за користење на интегрираниот систем за студентски сервиси – iKnow
НАПОМЕНА: Електорнската пријава се пополнува со кирилична поддршка!