Почетна | Новости | 01.02.2024


Во просториите на УКИМ потпишани договорите за издавање електронски изданија на учебници односно учебни помагала од страна на за учебната 2023/2024 година

Во насока на поттикнување на издавање на учебници и учебни помагала во електронска форма, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и во учебната 2023/2024 година распиша Конкурс за финансирање на издавачката дејност на УКИМ во електронска форма, е-издаваштво, на кој сите пријавени 20 учебници, односно учебни помагала ги исполнија условите и пропишаните критериуми, а Универзитетот направи напори оваа година сите пријавени учебници и учебни помагала да се издадат во електронска форма, од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

По направената реализација на Одлуката бр. 11-1121/2 од 15.1.2024 година за издавање електронски изданија на учебници и учебни помагала од страна на УКИМ, на 1.2.2024 година, во тркалезната сала, во Ректоратот на УКИМ беа склучени поединечните договори за издавање на електронските изданија на учебниците, односно учебните помагала меѓу авторите од една страна и Универзитетот, претставуван од ректорката, проф. д-р Биљана Ангелова. На склучувањето на договорите присуствуваше и претседателката на Комисијата за издавачка дејност, проф. д-р Соња Топузовска, проректор за настава на УКИМ.

Досега, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има издадено вкупно 136 учебници, односно учебни помагала во електронска форма.