Дигитална библиотека

Издавачката дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е присутна од почетокот на неговото постоење. Издавачката дејност на УКИМ опфаќа: академско електронското издаваштво и научно издаваштво, преку што се интегрираат публицистичките активности на членките на Универзитетот.

Академското електронско издаваштво на УКИМ, на годишно ниво преку распишан Конкурс, публикува по околу 40 учебни помагала подготвени од факултетите и институтите на Универзитетот.

Повеќе за научното издаваштво на УКИМ, на следниот линк.

 

Академско електронско издаваштво на УКИМ


 

 

Академското електронското издаваштво на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има развиено Дигитална библиотека на е-книги, во согласност со правилата за отворен пристап.

Согласно со чл. 22, став 5 и чл. 25-а од Правилникот за организирање на издавачката дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Универзитетски гласник бр. 264 од ноември 2013 година) и Одлуката за  издавање на учебници во електронска форма (бр. 11-469 од 5.3.2014 година), Универзитетот започнува со објавување на учебниците и учебните помагала во електронска форма.

Учебниците и учебните помагала, за кои претходно е добиена согласност од авторите, се објавуваат на интернет страницата на УКИМ со отворен пристап.

 

КОНКУРС за електронско издаваштво на УКИМ за 2024/2025 година


 

К О Н К У Р С за финансирање на електронско издаваштво на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2024/2025 година

Релевантни документи за електронско издаваштво на УКИМ:

 

Дигиталната библиотека на УКИМ


Дигиталната библиотека на УКИМ содржи повеќе од 200 е-книги со отворен пристап, во продолжение групирани и презентирани по единици на УКИМ.

 

 

This content is not available at this moment unfortunately. Contact the administrators of this site so they can check the plugin involved.