ERASMUS+

   

 

 

 

 

 

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје успешно се реализира програмата Erasmus+ на Европската Унија во областа на високото образование, која овозможува соработка и размена на студенти и кадар помеѓу партнерски универзитети во Европа.

Во рамки на програмата Erasmus+, на УКИМ се распишуваат годишни конкурси за реализација на мобилности на студенти и наставно-научен кадар, на високо-образовни и научни институции во Европа, со кои се склучени Erasmus договори за соработка.

Во продолжение се наведени генералните документи потребни за програмата Erasmus+, како и документите потребни при аплицирање за реализација на мобилности.